Идеално време да ги гледате сериите што можеби сте ги пропуштиле. Ако барате серија која ќе ве држи залепени за екранот, 2024 донесе низа хитови за кои сите зборуваат – од возбудливи трилери до духовити и емотивни приказни.
BBC објави листа на десет најдобри серии за 2024 година.
„Industry“
Серијата следи група млади вработени во инвестициската банка Pierpoint & Co во Лондон. Фокусот е на нивните амбиции, ривалства и лични предизвици додека се борат да успеат во бруталниот свет на високите финанси. Ликовите доаѓаат од различни средини, а серијата покажува како се снаоѓаат во интензивното опкружување кое е проследено со притисок, лакомост и морални дилеми.
Оваа година излезе третата сезона во која ликовите се соочуваат со морални дилеми, од прашања за климатски промени до сексуално вознемирување.
„A Man on the Inside“
Нова серија на Мајкл Шур со легендарниот Тед Дансон носи емотивна, но и духовита приказна. Дансон игра пензиониран архитект кој, откако ја изгубил сопругата, наоѓа нова цел во животот – станува таен истражител во дом за стари лица и истражува кражба на накит.
Серијата на топол и искрен начин ги прикажува предизвиците на староста, но и радоста од животот. Идеална серија која потсетува дека никогаш не е доцна за нов почеток.
„Black Doves“
Шпионска серија со Кира Најтли и Бен Вишо носи напната приказна за тајни и издајства. Најтли ја игра жената на британскиот министер за одбрана кој тајно работи за шпионската група „Black Doves“.
Кога нејзиниот љубовник е убиен, се враќа нејзиниот стар пријател. Акција, напнатост и неочекувани пресврти совршено се избалансирани со емотивни моменти и интригантни теми како љубовта, лажните идентитети и глобалните конфликти.
„Colin from Accounts“
Австралиска романтична комедија која се фокусира на двојца малку непријатни луѓе, Ешли и Гордон, кои случајно се поврзуваат преку куче.
Нивната прва средба завршува со усвојување на Колин, симпатично куче со инвалидитет, кое станува катализатор за нивните непредвидливи и урнебесни заеднички авантури.
„Say Nothing“
Серијата храбро навлегува во најтемни агли на конфликтите во Северна Ирска во текот на 1970-тите.
Приказната се базира на вистински настани, но нуди измислен приказ на животот на високорангирани членови на ИРА (Ирска републиканска армија) и нивната подготвеност да оправдаат насилство и убиство како политичко оружје.
„Slow Horses“
Додека „Apple“ инвестира големи суми во серии со врвни ѕвезди кои често не ги исполуваат очекувањата, „Slow Horses“ се истакнува како нивен скриен дијамант.
Британска шпионска комедија која ги следи групата отпуштени агенти на MI5 сместени во „Slough House“, каде ги праќаат кога повеќе не се корисни. Со мешавина од британски хумор и напнати акциони сцени, серијата ја освои публиката – и тоа со добар razlog.
„Rivals“
„Rivals“, адаптација на романот на Џили Купер од 1988, нуди чиста забава. Сместена во измислен англиски округ Рутшир, серијата ги следи љубовните афери, интригите и луксузниот живот на елитата од 80-тите.
Дејвид Тенант се истакнува како бескрупулозен сопственик на телевизиска мрежа, Ајдан Тарнер како незадоволен водител и Алекс Хасел како политичар опседнат со тенисот и жените. Полна со пресврти и страствени сцени, „Rivals“ е совршен бег од секојдневниот живот.
„The Day of the Jackal“
Оваа десет епизодна адаптација на романот на Фредерик Форсајт носи гламурозна приказна за убиец во која игра Еди Редмејн.
Редмејн успешно балансира помеѓу ладнокрвниот убиец и грижливиот семеен човек, додека Лашана Линч ја игра агентката која го следи, чии морални сомнежи даваат посебна димензија.
„The Diplomat“
Втората сезона ја задржа остроумната рамнотежа помеѓу глобалната политика и личната драма. Кери Расел, како американската амбасадорка Кејт Вајлер, продолжува да доминира на сцената, но нејзините амбиции и односот со сопругот Хал (Руфус Ѓуел) стануваат се посложени.
Политичките интриги експлодираат кога се открива кој стои зад нападот на британскиот воен брод, а последниот пресврт отвора интригантни можности за третата сезона.
„Feud: Capote vs The Swans“
Серијата ја следи драматичната пад на Труман Капоте, познат писател и икона на високо општество, во текот на 1970-тите. Инспирирана од вистински настани, серијата се фокусира на моментот кога Капоте објавува дел од својот недовршен роман.
Во овој дел тој скандалозно открива тајни од своите блиски пријатели од високото општество, познати како „Лабудови“ – група богати, гламурозни жени кои му биле и музеи и друштво.