Според подтатоците до кои дошло BBC и Биро за истражувачко новинарство, таа манипулација траела цела декада, а целиот процес бил оформен преку лажни документи и структура која изгледала како легитимна комерцијална операција.
Иако Абрамовиќ во јавноста тврди дека се придржувал до правните совети на професионалци, истражувањата покажуваат дека неговите компании кои биле вклучени во изнајмувањето на суперјахтите биле всушност поврзани и управувани од исти лица или компаниите кои ги контролирал тој лично.
Доколку беше вистинска комерцијална активност, компаниите кои изнајмувале јахти од Blu Oušn Јахт Менџмент, како што сугерираа документите, би имале значителни приходи. Меѓутоа, според финансиските извештаи, овие компании не пријавувале профит, што се смета за знак на обмански цели. Брзи состаноци и промена на временските рокови за изнајмување на јахтите укажуваат дека целиот процес бил создаден за да се избегне плаќање на даноците, со што се создавале вештачки услови за минимизирање на профитот и обврските на данок.
Покрај ова, постојат и судски истраги во Италија и на Кипар кои покажуваат дека јахтите биле пријавени како комерцијални бродови, иако биле користени приватно од Абрамовиќ и неговите најблиски. На крајот, истражувачите на Кипар ја отфрлиле тврдбата на Blu Oušn дека бродовите се користеле во комерцијални цели, а се барало доказ за вистинската економска активност на овие компании.

Скандалот го вклучува и правниот статус на неколку капетани на јахтите на Абрамовиќ, кои биле истражувани за неплатени акцизи и данок на гориво, а нивните случаи на крај биле затворени откако адвокатите на Абрамовиќ обезбедиле документи кои го поддржале тврдењето за комерцијално користење на бродовите.
Овој скандал ја открива сложената и вештачка структура за избегнување на даноци која ги поврзува компаниите на Абрамовиќ и неговите приватни интереси.
Абрамовиќ користел фирми кои биле основани во различни земји, а преку нив организирал изнајмување на неговите јахти. Системот бил направен така што ја пренасочувал сопственоста на јахтите и правел да изгледаат како комерцијални бродови, иако тие всушност биле користени приватно. На тој начин, избегнувал да плаќа акцизи, данок на гориво и ПДВ, што довело до значителни финансиски заштеди.
Експертите велат дека оваа шема се користела за да се минимизираат трошоците и да се заобиколат даночните обврски на јахтите на Абрамовиќ, што е спорно од правен аспект и може да резултира со правни последици.