BBC: Дали Холивуд и MAGA му помагаат на Трамп да го стави CNN под контрола?

Изненадното повлекување на Netflix од купувањето на Warner Bros и преземањето од страна на Paramount Skydance отвори прашања за влијанието на Доналд Трамп и MAGA движењето врз американските медиуми, вклучително и CNN.

Изненадното откажување на Netflix од преземањето на Warner Bros., и препуштањето на договорот на Paramount Skydance, предизвика сериозни дилеми околу тоа дали претседателот Доналд Трамп се обидува да воспостави влијание врз клучните информативни сервиси во САД.

Warner Bros, меѓу другото, е сопственик и на CNN, медиум кој Трамп со години јавно го критикува.

Како пропадна договорот со Netflix?

Во декември управниот одбор на Warner Bros прифати понуда од 82,7 милијарди долари од Netflix, со што се чинеше дека преземањето е речиси сигурно – освен регулаторното одобрување.

Но ситуацијата се смени кога Paramount Skydance понуди 111 милијарди долари. Netflix одби да ја изедначи понудата, оценувајќи дека договорот повеќе не е финансиски исплатлив.

Во меѓувреме, извршниот директор на Netflix, Тед Сарандос, ја посети Белата куќа и, според извештаи, се сретнал со претставници на Министерството за правда и со главната обвинителка Пам Бонди. Според анализата на BBC, станало јасно дека договорот станува политички чувствителен.

Влијанието на MAGA

Трамп јавно побара Netflix веднаш да ја отпушти членката на управниот одбор Сузан Рајс поранешна советничка за национална безбедност на Барак Обама.

Повикот следуваше по објава на десничарската активистка Лаура Лумер, која ја обвини Рајс дека е „антиамериканска“. Сенаторот Тед Круз ја повтори критиката, доведувајќи ја во прашање политичката ориентација на компанијата.

Поддржувачите на MAGA тврдат дека Netflix е премногу „woke“ и премногу блиску до поранешниот претседател Обама, поради договорот со неговата продукциска куќа.

Холивуд против Netflix

Дел од филмската индустрија го обвинува Netflix за пропаѓањето на традиционалните кина поради доминацијата на стримингот.

Режисерот JЏејмс Камерон јавно се спротивстави на преземањето на Warner Bros од страна на Netflix. Од друга страна, актерот Марк Рафало предупреди дека и преземањето од Paramount Skydance може да значи прекумерна концентрација на медиумска моќ.

Концентрација на медиумска моќ

Доколку договорот биде одобрен, новата компанија би ги поседувала CNN и CBS News. Аналитичарите стравуваат дека информативните сервиси би можеле да се концентрираат во рацете на луѓе блиски до Трамп.

Извршниот директор Дејвид Елисон и неговиот татко, милијардерот ЛАри Елсон, се сметаат за блиски до Трамп.

Netflix, пак, немаше намера да го преземе CNN, туку само филмските студија и стриминг-услугите на Warner Bros. За разлика од нив, Paramount Skydance ја купува целата компанија – вклучително и CNN.

Што значи ова за медиумската сцена?

Според анализата на BBC, доколку зделката се реализира, Трамп би можел индиректно да го добие она што одамна го посакува – поголемо влијание врз медиум кој долго време го смета за непријателски.

Прашањето што останува е: дали станува збор за чисто деловна одлука или за поширока политичка стратегија во американскиот медиумски простор?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни