BBC: Царините на филмовите ќе бидат дел од трговските преговори меѓу Британија и САД

Трамп во неделата изјави дека ќе воведе тарифи на странски филмски продукции за да ја поддржи американската филмска индустрија, за која рече дека „умира со многу брза смрт“.

Царините на филмовите ќе бидат дел од трговските преговори меѓу Обединетото Кралство и САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100% тарифи на филмови снимени во странство, пренесува Би-Би-Си.

Трамп во неделата изјави дека ќе воведе тарифи на странски филмски продукции за да ја поддржи американската филмска индустрија, за која рече дека „умира со многу брза смрт“.

Британската влада соопшти дека трговските преговори со Вашингтон се во тек и дека презема „смирен и стабилен пристап“ во обид да го намали притисокот врз британските компании.

Извор: Танјуг

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни