Батериите одат во заборав: Научниците развиваат технологија за напојување „од воздухот“

Фото: Freepik

Бежичното полнење на уредите не е ништо ново, на корисниците на паметни телефони овој принцип е познат, но научниците сега работат и на прототип за телефонот да може да се користи секогаш и без батерија.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур развиле прототип на модул за собирање енергија од воздухот.

Се работи за технологија, која амбиенталните, односно „отпадните“ сигнали од радиофреквенциите ги претвора во еднонасочен напон, кој потоа може да се користи за напојување на мали електрични уреди, без батерии.

Како што истакнаа при претставувањето на прототипот, технологијата која собира енергија од радиофренвенциите е важна бидејќи ќе ја намали зависноста од батериите, ќе го продолжи животниот век на уредите, ќе се намали нивното влијание врз животата средина и ќе овозможи уреди да се користат и на места каде што промената на батериите е непрактична.

„Собирањето на амбиенталните радиофреквенциски електромагнетни сигнали е клучно за унапредувањето на енергетски ефикасните електронски уреди и сензори. Меѓутоа, постоечките модули за собирање енергија се соочуваат со предизвици со работата при низок напон поради ограничувањата во постоечката технологија“ објаснува професорот Јанг Хунсо од одделот за електротехника и компјутерско инженерство на НУС Колеџот за дизајн и инженерство.

Извор: Зимо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни