Барселона воведува посебен простор за селфиња пред Саграда Фамилија

Барселона објави планови за изградба на голем јавен плоштад пред својата најголема туристичка атракција, Саграда Фамилија, за да се намали метежот.

Со години, луѓе од целиот свет доаѓаат во Барселона за да ја видат убавината на Саграда Фамилија. Сепак, ова ги натера локалните жители да се жалат на прекумерен туризам, бидејќи повеќе од 4,7 милиони туристи годишно ја посетуваат базиликата, а многу од нив прават селфиња и изведуваат танци на TikTok пред црквата, пишува списанието Far Out .

Обидувајќи се да ја направат совршената фотографија пред недовршената базилика на Антони Гауди, туристите несвесно ги блокираат улиците и тротоарите, отежнувајќи го движењето низ плоштадот.

Со цел да се намалат толпите, градските власти објавија планови за изградба на јавен плоштад со површина од 6.200 квадратни метри. Овој потег треба да го намали притисокот од туристите во областа, да им го олесни движењето на жителите и да одговори на нивните долгогодишни поплаки.

Предложениот нов плоштад ќе биде лоциран на Кале Марина, помеѓу Кале Мајорка и Кале Прованса, плоштадот Гауди и фасадата на Христовото раѓање на Саграда Фамилија. Плоштадот ќе биде специјално дизајниран простор за туристи и патници, каде што ќе можат да прават селфиња без да ја нарушуваат локалната средина.

За проектот е одобрен буџет од 2,3 милиони фунти. Изградбата треба да започне во септември и да трае околу осум и пол месеци. Кога ќе биде завршена, ќе бидат навршат речиси сто години од смртта на архитектот Антони Гауди. Градот Барселона изјави за новиот проект: „Овој проект помага да се реши проблемот со простор каде што е тешко да се избалансираат потребите на посетителите на храмовите и локалните жители“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни