Барселона во Белград без гостински навивачи, казнети се за разизам

УЕФА ја казни Барселона со 10.000 евра и им забрани на навивачите да патуваат на следниот натпревар на клубот на гости во Лигата на шампионите, во Белград, поради расистичкото однесување на навивачите во минатонеделниот пораз од Монако со 2-1.
Фото: DJ Lucifer, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Обвиненијата се однесуваат на присуството на нацистичка симболика помеѓу нивните нвавичаи и како резултат на тоа, навивачите на Барса нема да бидат присутни на натпреварот против Црвена Звезда на 6 ноември во Белград.

На Барса ќе ѝ биде забрането да продава билети за гости за уште еден натпревар од УЕФА, иако таа забрана е суспендирана на условен период од една година.

Оваа казна се надоврзува по однесувањето на навивачите на Барса во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен на Паркот на принцовите минатиот април, по што Барселона беше казнета од 25.000 евра од УЕФА за нацистички поздрави и расистички гестови.

„Обвиненијата против Барселона се однесуваат на расизам и/или други дискриминаторски однесувања, според чл. 14(2) од Дисциплинската регулатива на УЕФА“, се вели во соопштението на управното тело на европскиот фудбал во петокот.

„Контролното, етичкото и дисциплинското тело (CEDB) одлучи да нареди спроведување на суспендираната дисциплинска мерка изречена од страна на Апелационото тело на УЕФА во својата одлука на 17 април 2024 година за расистичкото однесување на своите приврзаници, односно да ѝ забрани на ФК Барселона да продава билети за своите гости-симпатизери за следниот натпревар на УЕФА во согласност со член 26(3) од Дисциплинската регулатива на УЕФА.“

„И, исто така, да ја казни ФК Барселона со 10.000 евра и да му забрани на ФК Барселона да продава билети на своите гостински поддржувачи за уште еден натпревар од натпреварувањето на УЕФА поради расистичкото однесување на нејзините поддржувачи.“

Наведената забрана за продажба на билети на своите гостински поддржувачи е суспендирана на пробен период од една година.

По поразот Барселона од Монако кружеа слики на навивач на гостинскиот тим кој држеше транспарент на кој беше прикажана нацистичка симболика.

„Срамно“, рече потпретседателката на Барселона, Елена Форт за инцидентот. „Одвратно и тажно е што некој што вели дека го сака клубот се однесува на овој начин. Сè има граница. Ова никогаш не може да се повтори. Никогаш“.

Барселона излезе со соопштение како одговор на забраната на УЕФА.

„Барселона ќе се придржува и ќе ја примени оваа санкција на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против ФК Црвена Звезда. Барселона ќе продолжи со рефундирање на парите на навивачите кои веќе купиле билети за натпреварот“, се вели во соопштението.

„Барселона отфрла какво било оправдување за насилство и, како што е наведено во статутот на клубот, ќе обезбеди заштита и промоција на Универзалната декларација за човекови права вклучена во Меѓународната повелба за човекови права прогласена од Обединетите нации.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни