Каталонците целосно доминираа, а клучниот момент се случи во 57-та минута, кога гостите останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Хезе. Барселона потоа постигна четири гола и ја потврди високата победа.
Фермин Лопез ја донесе Барселона во водство со голови во 7-та и 39-та минута. Олимпијакос намали преку Ел Каби во 54-тата, откако претходно му беше поништен еден гол по ВАР-интервенција. По исклучувањето на Хезе, Јамал погоди од пенал, Лопез го комплетираше својот хет-трик, а два пати во листата на стрелци се запиша и Маркус Рашфорд.
Во Алмати, Пафос успеа да освои бод и покрај тоа што целиот натпревар играше со играч помалку. Веќе по три минути и две секунди Кореа доби директен црвен картон поради опасен старт — втор најбрз во историјата на Лигата на шампионите, по рекордот на Олександр Кучер од 2015 година.
Каират имаше неколку добри можности, но не успеа да ги претвори во гол. Во првото полувреме Драгомир промаши од идеална позиција, а во второто неговиот прекрасен погодок беше поништен поради офсајд во почетокот на акцијата. Така, натпреварот заврши без голови и без победник.
Извор: Topsport