Ова е трет трофеј за Барселона сезонава. Тимот предводен од Ханси Флик веќе го освои шпанскиот Суперкуп со убедлива победа од 5:2 против Реал Мадрид, како и Купот на кралот со триумф од 3:2 по продолженија – повторно против вечниот ривал.
Под водство на Флик, Барса оствари историски низ од 23 натпревари без пораз од почетокот на календарската година – најдобар старт во историјата на клубот. Оваа сезона Каталонците доминираа во сите четири Ел Класика дуели, победувајќи го Реал секојпат.
Флик со ова ја изедначи серијата на легендарниот Јохан Кројф од 19 натпревари без пораз, а останува и непоразен во финалиња како главен тренер – вклучувајќи ја и титулата во Лигата на шампионите со Баерн Минхен.
Титулата во Ла Лига е круна на блескавата сезона на Барселона, за многумина тимот што играше најубав фудбал оваа година.