Барокна раскош, море и ноќен живот – бисерот на Медитеранот што ги надмина Париз, Рим и Виена

Со златните барокни тврдини, богато украсените фасади и тесните камени улички Валелтла го воодушевуваат секој посетител

Во избор на списанието Condé Nast Traveler, читателите го избраа главниот град на Малта за најдобар во Европа. Валета воодушевуваше со својата убавина, шарм и енергија, комбинација од историја, луксуз и медитерански дух на кој е тешко да се одолее. Еве кој друг е на листата.

Шпанија и Италија доминираат на листата на 20 најомилени европски градови според читателите на списанието Condé Nast Traveler, која беше објавена како дел од годишните награди „Читатели за избор“ за 2025 година, но титулата победник сепак му припадна на Медитеранот.

Според патниците од целиот свет, најдобар европски град за 2025 година е Валета, главниот град на Малта, кој постигна импресивни 97,33 поени.

Оваа престижна листа е формирана врз основа на оценките дадени од патниците за културата, храната, гостопримството, архитектурата и целокупната вредност на дестинацијата. Тој е дом на некои од најубавите градови во Европа, од историски центри до модерни метрополи кои постојано ги поместуваат границите на урбаниот живот.

Валета – бисер на Медитеранот што плени на прв поглед

Иако мала по површина, Валета зрачи со величественост.

Целиот град изгледа како музеј на отворено – златните барокни тврдини, богато украсените фасади и тесните камени улички создаваат сцена што го воодушевува секој посетител.

Градот се издига над синилото на Средоземното Море, нудејќи неверојатни погледи и чувство дека историјата и секојдневниот живот се испреплетуваат на секој чекор.

Патниците велат дека посебниот шарм на Валета лежи во комбинацијата на елеганција и опуштен јужен дух. На секој агол можете да ја почувствувате мешавината на британското влијание и медитеранскиот шарм, во архитектурата, храната и начинот на живот.

Деновите се исполнети со калдрмисани прошетки и разгледување на културни споменици, додека ноќите носат жива музика, романтични барови и ресторани со поглед на море.

Валета е позната и по својот богат културен живот, фестивали, музеи и исклучителна безбедност, што ја прави идеална за подолг престој, а не само за викенд одмор.

Вака изгледа целата листа на 20 најдобри градови според патниците (Награди за избор на читатели 2025)

Валета, Малта – 97,33
Осло, Норвешка – 94,36
Виена, Австрија – 93,75
Мадрид, Шпанија – 93,33
Копенхаген, Данска – 93,33
Минхен, Германија – 92,89
Лисабон, Португалија – 92,22
Стокхолм, Шведска – 92,06
Сан Себастијан, Шпанија – 91,94
Палма, Шпанија – 91,67
Фиренца, Италија – 91,39
Атина, Грција – 89,63
Рим, Италија – 89,21
Париз, Франција – 89,02
Марсеј, Франција – 88,15
Рејкјавик, Исланд – 87,62
Порто, Португалија – 87,56
Венеција, Италија – 87,06
Будимпешта, Унгарија – 87,01
Прага, Чешка – 86,94

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни