„Барби“ ги врати луѓето во кино

Фото: EFE/Monica Rubalcava

„Барби“ на голема врата ги врати кинољубителите во кината, покажа новото истражување на сервисот за гледање филмови „The Quorum“.

Тие  анкетирале 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на изминатите три недели, откривајќи дека 11 отсто „не се сеќаваат на последниот филм што го гледале во кино“. Други 11 отсто рекле дека Барби е првиот филм што го виделе во кино од почетокот на пандемијата во 2020 година. Тоа значи дека 22 отсто, или близу една четвртина од анкетираните гледачи, најверојатно ги прескокнале „Аватар: Патот на водата “ и „Топ Ган: Маверик“, меѓу другите популарни кино-изданија по пандемијата, но одлучиле да се вратат во кино за „Барби“.

The Quorum, кој го истражува интересот на потенцијалните филмски гледачи за претстојните филмови, проценува дека 22% од вкупниот број купувачи на билети би биле околу 9 милиони луѓе кои стапнале во кино за да ја видат Барби. Во меѓувреме, 46 отсто од испитаниците рекле дека одат во кино „постојано“, додека 32 отсто одат „понекогаш“.

Фото: AFP

Искуството исто така ги потсети кинољубителите дека сакаат да одат во кино, тврдат од организацијата. Меѓу анкетираните купувачи на билети, 40 отсто рекле дека искуството ги потсетило колку сакаат да одат во кино и дека ќе одат почесто. Сепак, поголем процент, 45 отсто, рекле дека би сакале да одат почесто, но проблем е цената на билетите. Таа група рекла дека ќе биде потребен уште еден филм „возбудлив како ‘Барби’ за да ги врати во кината“.

Само 15 отсто одговориле: „Мислам дека гледањето на ‘Барби’ не значи дека ќе почнам да гледам повеќе филмови во кината. Ова беше еднократно искуство“.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни