Барање ChatGPT историја за работа: иновација или опасно навлегување во приватноста?

Американската компанија Lovingly бара од кандидати да споделат ChatGPT самоанализа и историја на разговори. Експертите предупредуваат на ризици за приватност и етика.

Нова пракса во процесите за вработување отвора сериозни етички прашања: дали кандидатите треба да ја „отворат душата“ пред идниот работодавач?

Американската технолошка компанија Lovingly, која развива решенија за е-трговија и алатки базирани на вештачка интелигенција, бара од кандидатите за работа да достават самоанализа генерирана преку ChatGPT – базирана на нивната целокупна историја на разговори.

Како функционира „AI профилирањето“?

Кандидатите треба да внесат специфичен „prompt“ во ChatGPT, кој ја анализира нивната историја на комуникација, ги оценува според шест критериуми (како „стратешко размислување“ и „прилагодливост“), дава резултат до 30 поени и генерира препораки и проценка на силни и слаби страни

Потоа, кандидатот треба да го испрати резултатот – заедно со линк до целата сесија.

Главниот проблем: приватноста

Најголемата дилема не е технологијата, туку содржината што се споделува. Корисниците често со ChatGPT разговараат за здравствени проблеми, финансиски одлуки, лични односи, ментално здравје и деловни идеи.

Со барањето за пристап до оваа историја, компанијата фактички добива увид во интимен дигитален профил на кандидатот,нешто што класично интервју не може да го открие.

Покрај етичките, постојат и сериозни аналитички проблеми.Системот не го мери вистинскиот квалитет на кандидатот, туку: колку и како го користи ChatGPT и колку податоци има моделот за него.

Тоа значи дека искусен професионалец може да добие ниска оценка и просечен корисник со честа употреба може да изгледа „супериорно“

Со други зборови, се оценува дигиталното однесување, а не реалните компетенции. Иако Lovingly не е голема корпорација, практиката отвора опасен преседан.

Ако вакви методи станат стандард компаниите би можеле да бараат пристап до AI историја, да се анализира начинот на размислување на кандидатите и да се автоматизира „психолошко профилирање“ без нивна контрола

Денес тоа е ChatGPT. Утре може да бидат и други алатки за вештачка интелигенција.

Она што се претставува како иновација во вработувањето всушност отвора сериозни прашања за приватност, етика и валидност на проценката. Прашањето повеќе не е дали технологијата може да профилира кандидати ,туку дали треба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни