Банана залепена за ѕид продадена на аукција за 6,2 милиони долари

Инвеститор во криптовалути кинеско потекло, Џастин Сан, во средата издвојил повеќе од шест милиони долари за тоа овошје и парче селотејп. Делото беше ставено на аукција пред пет години за 120 илјади долари, пишува АФП

Бананата залепена за ѕид, провокативно дело концептуалниот италијански уметник Маурицио Кателан, на аукција во Њујорк беше купена за 6,2 милиони долари од инвеститор во криптовалути, објави аукциската куќа Сотеби.

Зајадливото уметничко дело „Комичар”, првпат беше претставено 2019. година на изложба во Арт Базел во Мајами, предизвикувајќи контроверзија и расправа дали треба воопшто да се смета за уметност, што и беше целта на Кателан.


Инвеститор во криптовалути кинеско потекло, Џастин Сан, во средата издвојил повеќе од шест милиони долари за тоа овошје и парче селотејп. Делото беше ставено на аукција пред пет години за 120 илјади долари, пишува АФП.

„Ова не е само уметничко дело. Ова претставува културен феномен кој ги поврзува световите на уметноста, мемовите и заедницата на криптовалути,” цитира Сотеби Сан во соопштението.

„Верувам дека ова дело ќе инспирира уште идеи и дискусии во иднината, и дека ќе стане дел од историјата,” додал тој.

Аукцијата вклучувала седум потенцијални купувачи, но конечната цена ги надмина сите очекувања. Сотеби претходно веруваше дека ќе биде продадено за најмногу помеѓу милион и 1,5 милиони долари.

Размислувајќи за рокот на траење на бананата, Сан всушност купува сертификат за автентичност дека делото е дело на Кателан, со упатства како да се замени овошјето кога ќе се расипе.

Продадената инсталација е трета верзија на тоа дело. Првата верзија ја изеде уметничкиот перформер Дејвид Датуна, бидејќи почувствувал „глад” на изложбата во Мајами.

Сан, основач на берзата за криптовалути Трон, најави дека исто така планира да ја изеде својата инвестиција.

„Во следните денови ќе ја изедам бананата лично во рамки на тоа уникатно уметничко искуство, давајќи почит на неговото место во историјата на уметноста и популарната култура,” изјавил тој.

Кателан е познат и по тоа дело, но и по комплетно функционалната златна тоалетна шолја од 18 карати, наречена „Америка” и понудена на Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Делата на Италијанецот често се хумористични и намерно провокативни, па така во 1999 година направил скулптура на папата кого го погодува метеор, нарекувајќи го тоа дело „Деветти час”.

Своето дело со бананата го прогласил за критика на пазарот на уметноста, кој претходно го нарекувал спекулативен и од мала помош за самите уметници.

Почетната цена од 120 илјади долари за „Комичарот” од 2019. година тогаш беше гледана како доказ дека пазарот на уметност е „во банана” и дека светот на уметноста „полуде”, како што пишуваше Њујорк пост.

Бананата, продадена во средата за 6,2 милиони долари, претходно беше купена на Менхетн за 35 центи од продавач на овошје потекло од Бангладеш, пишува Њујорк Тајмс.

Сан бил и претходно тема на медиумите поради наводно сомнителни дела во светот на криптовалутите. Американските власти минатата година го обвинија за манипулација со пазарот и нерегистрирана продажба на криптоимот, што го промовирал со поддршка од ѕвезди, вклучувајќи ја пејачката Линдзи Лохан.

Сан во 2021. година купил „Нос” на Алберто Ѓакомети за 78,4 милиони долари. Сотеби ја опиша таа продажба како сигнал за „доаѓањето на помлади, технолошки вешти колекционери.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни