Балканот во снег: Затрупани и блокирани патиштата во Србија

Особено алармантна е состојбата во Србија каде на Копаоник паѓа снег од синоќа, а и други делови од земјата побелеа, вклучувајќи ги Ивањица и Голија, што предизвика први проблеми во сообраќајот.

Почетокот на октомври донесе вистински зимски услови и зимска поктивка на повисоките делови од Балканот. Особено алармантна е состојбата во Србија каде на Копаоник паѓа снег од синоќа, а и други делови од земјата побелеа, вклучувајќи ги Ивањица и Голија, што предизвика први проблеми во сообраќајот.

Денес ќе биде постудено од вчера, со повеќе дожд и снег.

Паднати дрвја и блокади на патиштата

На социјалните мрежи се појавија видеа кои сведочат за последиците од првиот снег во сезоната. Во близина на Ивањица, дрвја паднаа на патиштата под тежината на снегот, блокирајќи го сообраќајот. Видео објавено на Инстаграм ги прикажува граѓаните како сами отстрануваат паднато дрво за да го расчистат патот.

Поради зимските услови на патот, на возачите им се препорачува да бидат исклучително внимателни и да ги одложат непотребните патувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни