Балканот под снежна покривка: Над 50 см снег ги парализира градовите – Скопје следно?

Обилен снег парализира повеќе градови во регионот. Во делови на Босна и Херцеговина и Хрватска врнежите предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, прекин на патишта и заглавени возила.

Според регионалните јавни сервиси, снежната стихија предизвика сериозни тешкотии во Сараево, Кнежево, Ријека и околните места, а во некои делови висината на снежниот покривач достигна над половина метар.

Сараево во колапс, Кнежево под половина метар снег

Сараево вчера доживеа целосен сообраќаен хаос. Снежни непроодни улици и обилните врнежи ги блокираа главните сообраќајници.

Во Кнежево, снежниот покривач надмина 50 сантиметри, а обилните врнежи целосно го успорија сообраќајот и го отежнаа движењето во повисоките делови на градот.

И во Нови Град ситуацијата е слична – улиците се под снег, а сообраќајот е отежнат.

Патишта блокирани – камиони заглавени кај Трново

Магистралниот пат Источно Сараево – Фоча со часови беше во прекин. Неколку камиони се заглавиле и го блокирале преминот пред Трново, што предизвика километарски колони и повеќечасовни доцнења.

На патот преку Романија, и покрај интензивниот снег, возилата се движат без поголеми проблеми, но со намалена брзина.

Бања Лука без струја – снежната линија достигна 20 сантиметри

Зимските служби во Бања Лука интервенираат во повисоките делови на градот, каде наврнаа над 20 сантиметри снег.

Неколку околни села и населби останаа без електрична енергија поради паднати кабли и дефекти предизвикани од снегот.

Федералниот хидрометеоролошки завод најавува дека снежните врнежи ќе продолжат и во текот на вечерните часови, како и појава на суснежница во поголем дел од земјата.

Црвен аларм во Ријека – и Хрватска под дебел снег

Според хрватските медиуми, снежната бура зафати голем дел од земјата. Во некои области висината на снежниот покривач надмина 30 сантиметри, а повеќе автомобили се завеани на патиштата.

Околу Ријека, Сплит и Клис сообраќајот е значително отежнат, а локалните служби апелираат на воздржаност од непотребни патувања.

Снег паѓа во: Лика, Горски Котар, Централна и северозападна Хрватска, Славонија и Далматинска Загора

Во некои делови е воведено ограничено движење на возила без зимска опрема.

Снег и на северот на Црна Гора – патиштата лизгави, магла ја намалува видливоста

Вечерва снег паѓа и на северот на Црна Гора. Поради поledица, сообраќајот на повеќе делници е значително отежнат.

Маглата дополнително ги усложнува условите за возење, а делови од автопатот се под тенок слој снег, јавува РТЦГ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни