Балетското студио Ребис доби признание „Македонски квалитет“ за долгогодишната традиција и придонес во развојот на танцовата уметност

Престижното признание „Македонски квалитет“ од страна на Сојузот на стопански комори (ССК) под покровителство на претседателот на Македонија е наменето за компаниите и производите кои имаат традиција во создавање и одржување на националниот бренд. Во согласност со воспоставените строги критериуми, Сојузот на стопански комори додели признание „Македонски квалитет“ на Балетското студио Ребис.

Доделувањето на престижното признание се одржа на 18.12.2024г. во Претседателската Вила Водно, а истата ја прими управителката на Балетското студио Ребис, Леона Танасковска Јакимовска.

Балетското студио Ребис со традиција од 32 години е центар на танцот и уметноста, познато по негувањето генерации успешни танчери. Основано од Гордана Деан Поп Христова, студиото се истакнува со страст и посветеност кон модерниот и современиот балет. Визионерката Гордана го водеше студиото до успех, а нејзината ќерка Нина Деан ја презема управата, продолжувајќи ја традицијата. Денес, раководството е во рацете на Леона Танасковска Јакимовска, долгогодишна членка на студиото, која носи свежа перспектива и посветеност кон танцовата уметност. Проектот „Генерација  Z“ кој го обележа крајот на минатата 2023/2024г. сезона во Балетското студио Ребис беше поддржан од Сојузот на стопанската комора, со чија помош се реализираше. Кореодрамата беше од едукативен карактер, обработувајќи теми од секојдневнието и брзиот начин на живот во 21-иот век, како детството, социјалниот живот, процесите на раст и развој на секоја индивидуа, успесите и падовите низ кои сите поминуваме, психологијата, потрагата по сопственото „јас“, последиците од пандемијата на корона вирусот и патот кон зрела и изградена личност.

Ребис останува посветено на висококвалитетно образование во областа на танцот, инспирирајќи ја заедницата на танчери и пренесувајќи ја долгогодишната традиција на извонредност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни