Балетанки за мажи: Дали би ги носеле?

Модата одамна ги поместува границите. Додека едни постојано се бунат и ги негодуваат новите трендови, други слепо ги следат, восхитувајќи се на оригиналните парчиња. Сепак, најновите модни обувки кои се наменети за мажи предизвикаа лавина реакции на Инстаграм и Твитер. За тоа е заслужна модната куќа Баленсиага која ги лансираше – балетанките за мажи!

Можеби помисливте само дека така „се викаат“, но изгледаат слично како и класичните машки чевли. Напротив, разликата меѓу машките и женските балетанки скоро и да не постои. Новиот модел е наречен „Леополд“ и може да се најде на официјалната страница од познатиот бренд. Доаѓаат во три бои тиркизна, црна и светла нијанса на розева боја, а достигнуваат цена од 925 долара, што е нешто повеќе од 830 евра.

Инаку, балетанките спаѓаат во топ три модели на обувки кои мажите не сакаат да ги видат кај жените, а сега се наменети токму за нив. Од модната куќа овие модели за прв пат пред јавноста ги претставија на модната ревија пролет/лето 2023 година.

Секој модел се карактеризира со сатен, заоблен врв и класична машна. Секое едно парче е произведено во ателјето во Тоскана, а одредени броеви се веќе и распродадени.

Баленсијага веќе е навикната да пласира „бизарни модели“, но балетанките за мажи ги срушија сите рекорди на коментирање на социјалните мрежи. „Луѓе што е ова?“, „Ма ајде… до каде ќе одат модните креатори…“, се дал од коментарите кои можат да се забележат под објавите на модната куќа.

Извор: espreso.co.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни