Некои странски медиуми објавија дека Мајкл се зближил со Софија откако неговиот син Емилио загинал во несреќа во Лисабон во 2021 година. Извештаите дека Софија претходно се забавувала со синот на Балак го принудиле поранешниот фудбалер да проговори за ова прашање. Тој потврди дека се во врска, но негираше дека таа претходно била со неговиот син.
„Поради неодамнешните извештаи во медиумите, се чувствувам обврзан да го дадам следново појаснување: Мојата животна сопатничка Софија не е ниту поранешна девојка на мојот покоен син, ниту била негова пријателка. Ќе преземеме правни мерки против овие невистини и ве молиме почитувајте ја нашата приватност“, напиша Балак на Инстаграм.
Шнајдерхан го води брендот за додатоци во исхраната Wonderbear со нејзината мајка Анке, а работела и како модел. Нејзиниот татко Рајнхард е хирург и поранешен шеф на училиште за сурфање. Порано имал три школи за сурфање на југот на Франција.
Емилио беше еден од трите сина што Балак ги имаше со поранешната сопруга Симоне Ламбе, од која се разведе во 2012 година. Тој доживеал несреќа возејќи мотор во близина на Лисабон и починал на лице место во 2021 година.
Извор: Индекс.хр