Бактериски инфекции годишно одземаат милиони животи, а ситуацијата станува се по-сериозна поради сè поголемата отпорност на многу соеви на антибиотици. Оваа отпорност ги прави бактериите особено опасни и смртоносни.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бактериската антимикробна резистенција (AMR) била одговорна за 1,27 милиони смртни случаи низ целиот свет во изминатите години а може да достигне и бројка од 4,95 милиони смртни случаи. СЗО редовно ги следи и рангира бактериите според опасноста што ја претставуваат, а еве список на осум најопасни бактерии за 2024. година.
Klebsijela pneumonijа
Оваа бактерија, која се наоѓа во човечките црева и столица, може да предизвика инфекции на белите дробови, крв, рани или менингитис. Поради отпорноста на антибиотикот последен избор, карбапенем, како и на цефалоспорини од трета генерација, може да стане многу опасна супербактерија која брзо се шири.
Ешерихија коли
Повеќето соеви на оваа бактерија се безбедни, но некои може да предизвикаат сериозни инфекции како што се дијареја, воспаление на белите дробови, уринарни инфекции и сепса. Отпорна е на цефалоспорини од трета генерација, а некои соеви се отпорни и на карбапенеми.
Acinetobakter baumani
Оваа бактерија често предизвикува болнички инфекции, особено кај пациенти со ослабен имунолошки систем. Отпорна е на карбапенеми, што ја прави исклучително опасна.
Mikobakterijum tuberkulozis
Бактеријата која предизвикува туберкулоза, една од најопасните бактеријски инфекции која во 2023. години предизвикала 1,25 милиони смртни случаи. Отпорна е на рифампицин, клучен антибиотик за лекување на туберкулозата.
Видови Шигела
Овие бактерии предизвикуваат дијареја, болки во стомакот и температура. Отпорни се на флуорохинолони и се сè повеќе распространети, особено во земји со лоши хигиенски услови.
Enterokokus fecijum
Оваа бактерија може да предизвика сериозни инфекции кај лица со хронични болести, како што се дијабетес или болести на бубрезите. Отпорна е на ванкомицин, антибиотик што се користи за лекување на инфекции предизвикани од стафилококи.
Pseudomonas eruginoza
Бактеријата која предизвикува инфекции на крвта, белите дробови и уринарниот тракт, а најчесто се јавува по операции во болниците. Отпорна е на повеќе лекови, вклучувајќи карбапенеми, и претставува голема опасност за пациенти со ослабен имунолошки систем.
Овие бактерии веќе претставуваат сериозен предизвик за здравјето на луѓето низ целиот свет, бидејќи се отпорни на бројни антибиотици, што дополнително го отежнува лекувањето. Потребно е да се вложува во истражување на нови лекови и стратегии за борба против овие опасни бактерии, за да се намали нивниот глобален ефект.