Бактерија пронајдена во 11 видови на сирења и кашкавали на „Fromagerie Perrin“ во Германија

Потрошувачите можат да ги вратат засегнатите производи во продажните места и ќе им бидат вратени парите, согласно со упатствата на производителот.

Fromagerie Perrin повлекува 11 видови сирења и кашкавали од пазарот во Германија. Во засегнатите производи откриени се бактерии од типот Escherichia coli (STEC), кои можат да предизвикаат сериозни стомачни тегоби.

Ова се засегнатите производи кои се повлекуваат од пазарот: Morbier Jean Perrin AOP, Morbier Tradition Emotion, Raclette-Teller Bünderfleisch, Raclette-Teller Rohmilch,Raclette-Teller N/Pf/Se,Assiette nature Morbier moutarde, Morbier AOP, Morbier Skin Jean Perrin во неколку пакувања.

Потрошувачите можат да ги вратат засегнатите производи во продажните места и ќе им бидат вратени парите, согласно со упатствата на производителот. На сајтот lebensmittelwarnung.de се наведува дека сирењето било продавано во следниве германски покраини: Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хамбург, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија, Саксонија, Сарланд, Шлезвиг-Холштајн, Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија. Детални информации потрошувачите можат да најдат во официјалните соопштенија на компанијата Perrin.

Кои се симптомите на инфекција со E. coli?

Escherichia coli (E. coli) е вид на бактерија која се обично е присутна во цревата на луѓето и животните. Иако повеќето соеви се безбедни, некои можат да предизвикаат сериозни гастроинтестинални инфекции. Контактот со контаминирана вода или храна е најчестата причина за инфекцијата, која може да предизвика симптоми како што се дијареа, болки во стомакот и температура.

Лицата со инфекција треба да го зголемат внесот на течности, да одмараат и да побараат лекарска помош во случај на тешки симптоми, како што се долготраен пролив или висока температура. Исто така, важно е да се придржуваат до хигиенски мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни