Бакингемска палата соработува со полицијата во случајот Ендру и документи поврзани со Епстин

Бакингемска палата е подготвена да соработува со британската полиција за истрагата против принцот Ендру, кој е поврзан со размена на документи со обвинетиот сексуален престапник Џефри Епстин.

Бакингемска палата соопшти дека е подготвена да соработува со британската полиција во врска со истрагата против поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој според досиеата за американскиот финансиски магнат и осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, додека ја извршувал функцијата специјален изасланик за трговија на Велика Британија, разменувал доверливи документи со Епстин.

„Кралот Чарлс III јасно истакна дека е длабоко загрижен поради обвинувањата што се појавуваат во врска со однесувањето на господинот Маунтбатен-Виндзор“, се наведува во соопштението на Бакингемската палата, пренесува Sky News.

Се додава дека Маунтбатен-Виндзор ќе се изјасни за конкретните наводи, но и Палатата ќе обезбеди целосна поддршка ако полицијата побара помош.

Според електронската преписка од 30 ноември 2010 година, дел од најново објавените документи од случајот Епстин, се наведува дека Ендру на Епстин му проследил извештаи од патувањата во Виетнам, Сингапур, Хонг Конг за време на својата посета на Југоисточна Азија во тој период.

Принцот Ендру претходно неколкупати ги негираше сите обвинувања за какви било незаконски активности поврзани со Епстин.

Министерството за правда на САД објави на 30 јануари повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии како дел од најопсежната серија материјали поврзани со случајот Епстин.

Џефри Епстин беше обвинет во 2019 година пред федералниот суд во Менхетен за трговија со малолетници во сексуални цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни