Музичката сензација Baby Lasagna доаѓа на Get EXITed во Струмица

Зад името кое ја освои публиката ширум светот стои Марко Пуришиќ, автентичен и харизматичен уметник од Умаг.

На големата претстојна Get EXITed журка во Струмица, Baby Lasagna доаѓа во сабота, 7-ми септември, кога Струмица по четврти пат ќе стане епицентарот на регионот. Во Големиот градски парк ќе настапат и светски познатиот диџеј Jax Jones, како и легендарните Бајагa и Инструктори. Публиката ја очекува ноќ за паметење, исполнета со хитови од повеќе жанрови, врвна енергија и бројни изненадувања, а целосната програма наскоро ќе биде објавена.

Зад името кое ја освои публиката ширум светот стои Марко Пуришиќ, автентичен и харизматичен уметник од Умаг. Неговиот музички пат од самиот почеток го одбележува желбата да твори според свој вкус, преку саморефлексија и лични погледи на светот. Не, тоа не беше слава преку ноќ – зад тоа стојат години напорна работа и трагање, од првите бендови и турнеи до пишување песни за други изведувачи. Дури кога одлучил да го стави својот глас во преден план, го пронашол изразот што допре до милиони луѓе и го остварил она што некогаш било само неостварлив детски сон.

Со музика се занимава од деветгодишна возраст, кога почнал да свири гитара и влегол во првите бендови. Како тинејџер бил дел од фолк-метал составот Mantra, со кој настапувал низ Европа, но тогаш повеќе го привлекувало компонирањето отколку сцената и турнеите. Потоа следела соработка со германскиот готик-рок бенд Mono Inc., за кој пишувал на албум што станал бестселер во Германија и му ги отворил вратите кон професионалното создавање. Од тоа искуство произлегол и неговиот сопствен проект – Baby Lasagna, преку кој денес ги објавува своите песни како „Biggie Boom Boom“, „and I“ и „IG Boy“.

EXIT Promo

По второто место на најпопуларниот музички натпревар во Европа, Baby Lasagna тргна во освојување на европските сцени. Беше и еден од хедлајнерите на Sea Star фестивалот во родниот Умаг, каде што публиката го пречека како локален херој.

Потоа следуваше нултиот ден на 24-то издание од EXIT фестивалот, каде што на Tesla Universe бината внесе вистинска ерупција на енергија и предизвика невидени овации од публиката. Токму тогаш, за првпат ги изведе некои од своите песни од, тогаш необјавениот, а денес мошне слушан деби албум „DMNS & MOSQUITOES“. „Никогаш досега не сум настапувал на толку голема бина, никогаш пред толку многубројна и подобра публика,“ рече Марко за време на својот прв настап во Србија – настап кој кулминираше со заедничко селфи и доказ дека оваа вечер, публиката и емоцијата ќе останат врежани во неговото сеќавање засекогаш.

Тој настап претставуваше повеќе од успешна увертира за неговата прва голема турнеја – „Meow Back Tour“, со која посети над дваесет европски градови. Веднаш потоа започна голема летна турнеја со настапи низ целиот регион, како и во Холандија, Англија, Шкотска, Полска, Финска и други земји.

Неговото враќање на Евровизија, овој пат во Базел, донесе и посебно изненадување – заедно со Käärija, настапи во уникатен mash-up перформанс „Cha Cha Cha / Rim Tim Tagi Dim“. Двајцата најомилени евровизиски изведувачи од поновата генерација ги споија своите експлозивни и разиграни енергии во дуетот #eurodab. Тоа беше фантастична комбинација, а настапот веднаш стана вирален – социјалните мрежи беа преплавени со коментари за „дуетот од соништата“ на сите фанови на Евровизија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни