Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш, денес прогласи победа на парламентарните избори во Чешка.
„Исклучително сум задоволен и сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа. За тоа се боревме, за слободни избори каде што луѓето можат да одлучуваат“, рече Андреј Бабиш, објави порталот 24.
Тој рече дека неговото политичко движење АНО „има најдобри резултати во историјата на парламентарните избори во Чешка“ и оцени дека ова е резултат на тимска работа.

„Среќен сум што ги убедивме луѓето да гласаат. Се надеваме дека ќе формираме влада која ќе работи напорно. Никогаш нема да ве предадеме“, рече Бабиш, додавајќи дека оваа победа е „врвот на неговата кариера“.
Бабиш објави дека неговата партија ќе разговара со партнерите во обид да формира влада предводена од движењето АНО.