Бајден потпиша нова уредба: Санкции за сите кои го поткопуваат територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан

Со уредбата се овластува администрацијата да санкционира лица кои Министерството за финансии и Државниот секретар на САД ги означиле како директно или индиректно вклучени во „акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на било која област или држава на Западен Балкан“

Американски претседател во заминување Џозеф Бајден, вчера одобри нова уредба во која се прецизирани следните чекори на администрацијата на САД за Западен Балкан.

Бајден ја потпиша уредбата имајќи ги предвид настаните во овој регион и луѓето кои континуирано го оспоруваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нациите на Западен Балкан, ги поткопуваат договорите и институциите, учествуваат во корупција која го нарушува владеењето на правото и довербата во демократската власт и избегнуваат санкции од Владата на САД, се вели на веб-страницата на Белата куќа.

Станува збор за модификации и амандмани на претходно донесени уредби.

Со уредбата се овластува администрацијата да санкционира лица кои Министерството за финансии и Државниот секретар на САД ги означиле како директно или индиректно вклучени во „акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на било која област или држава на Западен Балкан“.

Под тоа се подразбира директно или индиректно учество во акции или политики кои подкопуваат демократски процеси или институции на Западен Балкан, како и кршење на Преспанскиот договор од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, Дејтонскиот договор и други договори и резолуции кои се однесуваат на регионалниот мир, безбедност и соработка.

Лица кои се вклучени во сериозно кршење на човековите права и корупција, исто така можат да бидат мета на санкции, како и сите кои ги прекршиле одлуките на САД и на финансиски и друг начин им помогнале на овие лица.

Со санкциите се опфатени и брачните партнери и возрасните деца на лицата кои американската администрација ги обвинила за претходно споменатите прекршоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни