Бајага со поддршка за студентите: Што побрзо да се исполнат барањата, тоа е добро за сите

Рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага денеска за агенцијата Бета изјави дека ги поддржува студентските протести и се надева дека барањата на студентите ќе бидат исполнети што е можно поскоро.

„Секако дека ги поддржувам студентите и сите нивни оправдани барања. Се надевам дека овие барања ќе бидат исполнети што е можно поскоро, што би било добро за сите нас. Нашиот бенд ‘Бајага и инструктори’ одлучи да ги откаже сите концертни активности до понатамошно известување“, изјави Бајага.

За потсетување, студентите за денеска најавија 24-часовна блокада на Автокоманда, еден од најголемите сообраќајни централи во Белград и ги повикуваат граѓаните да им се придружат на овој митинг, кој уште еднаш ќе ги потсети на барањата што ги имаат за време на нивните протести изминативе два месеца.

Студентите на протестот се во смени, со цел да се издржи сите 24 часа, а голем број на граѓани им се придружуваат и им даваат поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни