Голем американски стратешки бомбардер B-1 Lancer слета во Велика Британија, во момент кога се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток и се најавуваат можни нови напади врз Иран.
Бомбардерот пристигнал во базата RAF Fairford во Глостершир, откако британскиот премиер Keir Starmer им дозволи на САД од британските бази да изведуваат одбранбени операции против ирански ракетни цели.
B-1 Lancer е еден од најмоќните бомбардери на американското воено воздухопловство. Авионот е долг 44,5 метри, има распон на крилја од 41,7 метри и тежи околу 86 тони. Според податоците на Boeing, може да достигне брзина поголема од 1.450 километри на час.
Овој бомбардер има екипаж од четири лица и може да носи до 34 тони оружје и опрема, вклучувајќи и до 24 крстосувачки ракети.
B-1 Lancer е опремен со напредни радари и GPS системи за наведување, како и со електронски системи за заглушување, предупредување за радарско следење и мамци кои му помагаат да избегне откривање од непријателските системи за одбрана.
Авионот претходно бил користен во воени операции во Сирија, Либија, Авганистан и Ирак.
Долетањето на бомбардерот во британската база предизвика реакции и најави за протести, бидејќи активисти предупредуваат дека базата би можела да се користи за нови американски напади.