B-girl Ami е првата олимписка шампионка во брејкденс

Фото: ТВ пренос

Јапонката Ами Јуаса ги спои уметноста и атлетицизмот за да ја победи Литванката Доминика Баневич и да стигне до првиот Олимписки медал во брејкденс. Таа беше најдобрата од 16те брејкденсерки кои вчера го воведоа брејкденсот на Олимписките игри.

Јуаса е позната како B-Girl Ami, веднаш започна фуриозно со неколку воздушни трикови и со 3:0 славеше во финалето против B-Girl Nicka. Јапонката е позната по нејзините трикови со нозе, непречени движења и комбинација на различни техники.

Таа беше пресреќна кога од диџеите беше прогласена за победник, на сцената во Париз која изгледа како микс од диско подиум и боречки октагон.

„Фактот што брејкденсот беше додаден на Олимписките игри е одлична работа, бидејќи им овозможи на луѓето да дознаат многу повеќе за него“ изјави Јуса за новинарите и додаде дека сите кои настапувале во Париз можеле да се искажат преку брејкденсот.

Јуаса, која има 25 години, е трикратна светска шампионка во брејкденс, додека нејзинат противничка во финалето, Банчевич има само 17 години и една светска титула.

„Направивме историја вечерва. Брејкденсот е за прв пат на Олимписките игри“ изјави Банчевич и додаде дека е среќна што луѓето конечно можат да ја видат нивната енергија на голема сцена.

„Се повеќе и повеќе луѓе ќе се заинтересираат за брејкденсот сега. Тоа е уникатна уметничка форма“ изјави таа.

Брејкденсот сепак не е на програмата за следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година, што според Јуаса е лоша вест.


„Би сакала да го видам брејкденсот на програмата во Лос Анџелес во 2028 година, бидејќи тој и потекнува од САД. Но и без Олимпијадата, мислам дека девојките и момчињата ќе продолжат и брејкденс сцената ќе биде одлична и возбудлива и без неа“ рече Јуаса.

Бронзата ѝ припадна на B-Girl 671 (Ли Кинги) од Кина, која во натпреварот за трето место беше подобра од B-Girl India (Индиа Сарџо) од Холандија.

Резултатите беа оценувани од панел од девет судии, брејкденсери од целиот свет, според Тривиум системот за оценување. Натпреварувачките се оценуваа за нивната техника, вокабулар, изведба, музикалност и оригиналност. Секој од аспектите беше еднакво застапен во конечниот резултат.

Девојките започнуваа со фаќање на ритамот на нозе, серија наречена „toprocking“, пред да ги започнат движењата со нозете на подиумот. Песните на нивните рутини беа изненадување за нив, бидејќи двајца диџеи вртеа плочи на подиум поставен зад судиите.

Брејкбитот започнуваше во моментот кога вокалот заминува и диџејот го врти ритамот одново и одново. Тоа им овозможува на натпреварувачите да го остават својот белег на подиумот.

Брејкденсот се оценува квалитативно, поради неговите корени како уметничка форма, а судиите користат лизгачка скала за секоја рунда и битка, приспособувајќи ја скалата кон брејкденсерот кој победува во секоја од наведените категории на оценување.

Предизвикот за организаторите беше да ги донесат брејк и хип-хоп култура до масовна публика, вклучително и многу гледачи кои беа скептични за додавањето на танцовата форма во олимпискиот список. Но, по петочниот маратон на битки, нема сомнеж за атлетските способности и физичката способност на натпреварувачите.

Вкупно 33 натпреварувачи, претставувајќи 15 земји и Олимпискиот тим на бегалци прават историја на Олимписките игри во Париз.  Натпреварите продолжуваат денес, кога на сцена се машките брејкденсери.

Најново

Последни колумни