На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов.
На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу кои и неколку светски и македонски премиери. Концертот насловен „Crossover Stories,” кој е прв негов целовечерен авторски концерт и прв концерт со нашиот оркестар, вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.
Билетите се веќе во продажба и може да ги набавите на следниов линк. https://mktickets.mk/event/crossover-stories/ и на продажните места на МК Тикетс.
На продажните места билетите се продаваат со 50% попуст за студенти и пензионери.