Авторот на „Симпсонови“, Ал Џин, горд што ја предвиделе Камала Харис како претседателка

Фото: Симпсонови

Еден од авторите на Симпсонови, АЛ Џин ја поздравува кампањата на Камала Харис за претседателка и можноста на ова шоу да предвидува настани.

По одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден да се повлече од претседателската трка и да ја поддржи потпретседателката Камала Харис за демократската номинација во неделата, Џин објави фотографија на социјалните мрежи од возрасна Лиса Симпсон и Камала Харис како имаат речиси идентична облека и напиша дека е горд на предвидувањето на Симпсонови.

На фотографијата и Лиса и Харис имаат светло лилаво палто, бисерни ѓердани и бисерни обетки. Фотографијата од Харис е од нејзината инаугурација како потпретседателка во јануари 2021 година, додека сликата од Лиса е од епизода на Симпсонови од 11. сезона, насловена како „Барт во иднината“, на која таа станува претседателка на САД.

Паралелите не завршуваат тука. Во епизодата, мандатот на Лиса доаѓа по, тогаш измислен, мандат на Доналд Трамп кој ја оставил економијата во ужасна состојба, исто како што потпретседателскиот мандат на Харис започна по првиот мандат на Трамп.

„Тоа беше предупредување за Америка“, изјави Ден Грини, авторот на таа епизода во 2016 година.

Џин, кој работи на Симпсонови долги години и беше вклучени во пишувањето и продуцирањето на шоуто уште од првите сезони, изрази силна поддршка за кандидатурата на Харис на социјалните мрежи.

„Трамп треба да направи когнитивен тест каде што ќе го прашуваат да направи разлика помеѓу Камала Харис, Ненси Пелоси, Уша Венс и Ники Хејли“ вели тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни