Автомобил се заби во зграда во Илиноис: Загинаа четири деца, има и повредени

Во понеделникот попладне, автомобил влета во зграда во малото гратче Чатам, недалеку од Спрингфилд, Илиноис, при што загинаа четири деца, а неколкумина беа повредени за време на вонучилишен детски програм, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 15:20 часот по локално време, кога според заменик-началникот на полицијата, Скот Тартер, возилото удрило во зградата, усмртило четири лица, а потоа излетало од другата страна.

Жртвите биле на возраст од 4 до 18 години. Според изјавата на Државната полиција на Илиноис, се работи за девојчиња, ученици, чиј идентитет ќе биде објавен по известување на семејствата. Неколку други лица се хоспитализирани со повреди.

Сè уште не е познато дали несреќата била намерна или предизвикана од некоја друга причина.

Овој трагичен настан е дел од низата слични инциденти низ светот каде возила улетуваат во групи луѓе. Само два дена претходно, автомобил влета во маса луѓе за време на фестивал на филипинско наследство во Ванкувер, Канада, при што загинаа 11 лица.

Возачот од несреќата во Илиноис не бил повреден, бил сам во возилото и префрлен во болница на психофизичка проценка. Засега не е соопштено дали е уапсен.

„Ужаснат сум и длабоко тажен поради смртта на децата и бројните повреди во Чатам“, изјави гувернерот на Илиноис, Џеј Би Притцкер. „Срцето ми е тешко за овие семејства и незамисливата тага низ која минуваат – нешто што ниту еден родител не треба да го доживее.“

Зградата во која се случи несреќата ѝ припаѓа на организацијата „Youth Needing Other Things Outdoors“ која организира попладневни активности и летни кампови за деца.

Со падот на мракот, полициски возила со вклучени светла и понатаму ги блокираа улиците околу објектот. На својот Фејсбук профил, Полицијата од Чатам побара молитви од заедницата, наведувајќи:

„Се случи ужасна трагедија што нè погоди сите.“

До понеделник вечерта, многу жители на Чатам и пошироко ги сменија своите профилни слики на Фејсбук со симболична црвена лента со натписот: „Chatham Strong“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни