Автобуси на ЈСП попладнево се исклучуваат од линиите, граѓаните остануваат без јавен превоз

Одредени линии се уште сообраќаат но според сведоштва на граѓани, автобусите кои одат од Центар кон Драчево, Лисиче и Пинтија и обратно полека се исклучуваат

Јавниот превоз во Скопје повторно е во хаос.

Откако на пладне Град Скопје излезе со инфромација дека компанијата „Пуцко Петрол“ го прекинала снабдувањето со гориво за ЈСП, граѓани на сцојалните мрежи сведочат дека автобусите се повлекуваат од линиите.

Одредени линии се уште сообраќаат но според сведоштва на граѓани, автобусите кои одат од Центар кон Драчево, Лисиче и Пинтија и обратно полека се исклучуваат, неофицијално за да можат да стигнат до гаражите со горивото што го имаат.

Скопје во изминтите години често пати остануваше без јавен превоз.

Во еден наврат тоа беше поради протест на приватните превозници, потоа штрајкуваше синдикатот на ЈСП, за денес причина за редуцираниот возен ред е неиспораката на гориво кон ЈСП Скопје од страната на договорената компанија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни