Автобус удри во автобуско стојалиште во центарот на Стокхолм, има повеќе загинати

Неколку лица загинале, а други се повредени кога автобус удрил во автобуско стојалиште во центарот на Стокхолм, соопшти шведската полиција.

Несреќата се случила околу 15 часот на улицата Валхалавеген во шведската престолнина.

Полицијата во официјално соопштение наведе дека инцидентот е класифициран како тешко убиство од небрежност.

Во моментов, надлежните не откриваат информации за бројот на жртвите, ниту за нивниот пол или возраст, наведува полицијата.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни