Автобус излетал во провалија во Боливија – повеќе од 30 загинати

Четиринаесет лица се повредени, вклучувајќи и четворица деца, изјавил претставник на локалната болница, пренесува Би-Би-Си.

Повеќе од 30 лица загина во сообраќајна автобуска несреќа, на планински пат во Боливија, соопшти полицијата. Возилото слетало во јаруга длабока скоро 800 метри во југозападниот округ Јокала, изјавил полицаец.

Четиринаесет лица се повредени, вклучувајќи и четворица деца, изјавил претставник на локалната болница, пренесува Би-Би-Си.

Сообраќајни несреќи се чести во Боливија поради многу опасни патишта, особено во планинските предели.

Официјалните лица веруваат дека причината за несреќата најверојатно била прекумерната брзина, поради што возачот ја изгубил контролата над возилото.

Локалниот лист Unitel пишува дека неколку повредени се во тешка состојба.

Според официјалните податоци, во Боливија секоја година во сообраќајни несреќи загинуваат околу 1.400 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни