Авто сојузот на Германија со повик до возачите да ги наполнат резервоарите

Во Германија, во петокот попладнето, цената на бензинот и дизелот се зголеми просечно за два центи по литар, во споредба со четвртокот, пренесува ADAC

ADAC, најголемиот автомобилски сојуз во Германија ги повика граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили, затоа што се уверени дека цената на горивата повторно ќе порасне по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел.

По израелскиот напад врз Иран, цените на суровата нафта и природниот гас нагло пораснаа.

Во Германија, во петокот попладнето, цената на бензинот и дизелот се зголеми просечно за два центи по литар, во споредба со четвртокот, пренесува ADAC.

Автомобилскиот клуб верува дека нема да застане тука. Нафтените компании веројатно брзо ќе ги пренесат повисоките цени на суровата нафта на возачите, изјави портпаролот на ADAC.

Препорака за возачите : наполнете гориво на време, „идеално навечер, бидејќи тогаш горивото е најевтино“ велат од автомото сојузот.

Моментално, во просек, литар бензин на бензинските пумпи во Германија чини околу 1,65 евра, а дизелот 1,54, што е малку повеќе отколку пред нападот на Израел врз Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни