Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, изрази поддршка за построгите мерки на Германија за контрола на границите на вчерашната средба со својот германски колега, министерот за внатрешни работи, Александар Добриндт, во Виена, јави ДПА.
Новата германска Влада, минатата недела, нареди зголемени гранични проверки со сите соседни земји, вклучително и Австрија.
Добриндт, исто така, дозволи барателите на азил да бидат одбиени на границата, со исклучок на ранливите групи, како што се бремени жени и деца.
Австрија ги поздрави заострените контроли, забележувајќи намалување на бројките на нелегална миграција низ цела Европа, вклучително и во Австрија и Германија, што Карнер го припиша на зајакнатите гранични контроли.
Добринт нагласи дека овие напори се во согласност со заедничката европска цел за работа на миграциската политика и понатамошно намалување на нелегалните миграциски текови.