Австрискиот канцелар учествувал во сообраќајка: Нема повредени

Возило во кое се наоѓал австрискиот канцелар Кристијан Штокер учествувало во сообраќајна несреќа, но инцидентот поминал без повредени
фото: Yellow.Cat'

Возило во кое се наоѓал австрискиот канцелар Кристијан Штокер учествувало во сообраќајна незгода на автопат во Австрија, но нема повредени, соопшти неговиот кабинет. Инцидентот се случил за време на враќањето од регионот Форарлберг кон Винер Нојштат, кога поради гужва на автопатот дошло до нагло запирање на сообраќајот.

Возачот на канцеларот не успеал навреме да закочи и удрил во возилото пред него, по што автомобилот од обезбедувањето, кој се движел позади, удрил во задниот дел на службената лимузина.

И покрај верижниот судир, нема пријавени повредени, а инцидентот завршил само со материјална штета. Надлежните служби извршиле увид, а сообраќајот на делницата бил привремено забавен поради несреќата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни