Преговори меѓу двете најголеми партии од центарор во Австрија за формирање коалициска влада без крајно десната Слободарска партија пропаднаа, изјавил е канцеларот Карл Нехамер, еден ден откако либералната партија НЕОС ги прекина преговорите.
„Ќе поднесам оставка од позицијата канцелар и лидер (конзервативната) Народна партија во следните денови и ќе овозможам уредна транзиција“, изјавил Нехамер во видео порака на X, по неуспешните коалициски преговори со социјалдемократите (СПÖ).
Неговата најава дошла брзо по прекинот на коалициските преговори со СПÖ. „Очигледно е дека деструктивните сили внатре во СПÖ ја добија предноста“, рекол Нехамер, потврдувајќи го и крајот на овие преговори.
Како причина за оваа ситуација се наведува неможноста за постигнување договор за клучни точки. Притисокот врз Нехамер внатре во неговата партија неодамна се зголемил, јавува АПА. Тој истакнал дека ÖVP нема да прифати никаков програм кој е непријателски настроен кон економијата. Во исто време, Нехамер јасно дал до знаење дека сè уште не е подготвен да води коалициски преговори со крајно десната Слободарска партија на Австрија (FPÖ) под водство на Херберт Кикл. „Мое длабоко уверување е дека радикалите не нудат решение за ниту еден проблем“, рекол Нехамер.
Пропадната историска тројна коалиција
Сепак, бизнис крилото на неговата партија дава предност на коалицијата со FPÖ, која победила на парламентарните избори во септември, наместо со СПÖ.
Нехамеровата најава дојде само неколку часа откако ÖVP и СПÖ започнаа разговори за формирање влада. Сепак, постоеше загриженост дека можат да имаат тешкотии во постигнувањето договор со оглед на нивните различни идеи за тоа како да ја надминат економската криза во земјата и да ја реорганизираат државната каса. Нивните кратки разговори започнаа еден ден по повлекувањето на либералната партија НЕОС од повеќемесечните коалициски преговори со ÖVP и СПÖ за она што ќе беше историска тројна коалиција.
Либералната партија НЕОС се повлекла од повеќемесечните преговори во петок, при што лидерката на НЕОС, Беате Мајнл-Рајсингер изјавила дека партиите немаат волја за спроведување на реформи. ÖVP, СПÖ и НЕОС преговарале за формирање коалиција од средината на ноември со цел да ја задржат победничката десно популистичка Слободарска партија на Австрија (FPÖ) надвор од власт.
На парламентарните избори во Австрија во септември победи крајно десната Слободарска партија на Австрија (FPÖ), но ниту една друга партија не била подготвена да соработува со FPÖ или со нејзиниот лидер Херберт Кикл.