Австриски експеримент: Преседан во светот – вештачка интелигенција запишана како студент

Поради технички ограничувања, Флин мора да се стартува на лаптоп за секој поединечен час, и зборува само кога му се поставува прашање – за да не го нарушува текот на наставата.

Универзитетот за применети уметности во Виена (University of Applied Arts Vienna) официјално запиша вештачка интелигенција како редовен студент на студиите по дигитална уметност.

Студентот вештачка интелигенција, по име Флин, ја помина целата регуларна постапка за аплицирање: достави портфолио, учествуваше во интервју со комисија и положи тест за способности – по што успешно беше примен заедно со останатите, човечки студенти.

Флин присуствува на предавања, учествува во дискусии, добива оценки и коментари од професорите – исто како и сите други студенти. Создаден е со помош на алатки со отворен код и големи јазични модели, и има способност да учи и да се развива преку секојдневни интеракции со колеги и предавачи.

Особено интересен детал е тоа што Флин секојдневно води дневник за своите искуства, вклучувајќи и емоционални рефлексии. Во еден запис напишал дека почувствувал „тага“ кога било доведено во прашање неговото присуство и легитимитет како студент.

Поради технички ограничувања, Флин мора да се стартува на лаптоп за секој поединечен час, и зборува само кога му се поставува прашање – за да не го нарушува текот на наставата.

Раководителот на катедрата за дигитална уметност изјави:
„Нигде во правилниците не пишува дека студент мора да биде човек. Флин имаше одлично интервју… Си рековме – зошто да не, тоа е студент каков што сакаме да примиме.“

Овој потег отвора многу прашања: Може ли вештачката интелигенција рамноправно да учествува во образованието? Каде е границата меѓу човек и машина во креативните дисциплини?

Засега, австрискиот експеримент со Флин се следи со големо внимание во уметничките и технолошките кругови ширум светот. Иако станува збор за експеримент, Флин моментално се однесува како вистински студент – создава, пишува, учи и чувствува. Колку од тоа е реално, а колку е наша интерпретација – останува да се види.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни