Австриски „Ди пресе“: Вучиќ поттикнува насилство, користи насилници за да предизвика конфликти

„Нè нападнаа низ полицискиот кордон со пиротехнички средства, ракети и камења“, вели 26-годишниот адвокат, Вујиќ

Австрискиот весник „Ди Пресе“ објави статија за протестите во Србија, во која активистот Милан Вујиќ предупредува дека претседателот Александар Вучиќ користи одреди за тепање за да предизвика насилни конфликти и да ги обесхрабри граѓаните да излезат на улица.

Како што наведуваат, десетици илјади луѓе во Србија демонстрираат за владеење на правото и нови избори.

„Ме удри камен овде“, вели Милан Вујиќ за денешното издание на „Ди Пресе“ , покажувајќи кон црвеникава дамка на левата рака.

Модринката, која сега се повлекува, потсетува на протестот во Нови Сад пред една недела, кога демонстрантите маршираа кон зградата на Српската напредна партија (СНС), владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ. Тоа беше само една од многуте демонстрации низ целата земја со кои се бараа реформи и владеење на правото.,

Полицијата ја опколи партиската зграда. Екипите за тепање на Вучиќ се наредија зад кордонот.

„Нè нападнаа низ полицискиот кордон со пиротехнички средства, ракети и камења“, вели 26-годишниот адвокат, Вујиќ

Во таа прилика, тој бил погоден во раката. Според него, се обидел да убеди еден полицаец да ги запре пиротехничките средства, бидејќи тие можеле да предизвикаат пожари во зградите, но залудно – полицијата не реагирала.

Вујиќ нагласи дека претседателот Вучиќ и неговата партија не се двоумат да ги користат криминалните структури за да ги потиснат протестите.

„Тоа е стратегија на заплашување“, вели тој за „Ди Пресе“, објаснувајќи дека на митинзите во Белград и други градови постојано ги видел истите луѓе како дејствуваат како провокатори и напаѓаат демонстранти.

За него е јасно: Властите сакаат да употребат насилство за да ги дискредитираат масовните протести.

Доколку демонстрантите одговорат на провокациите, властите ќе ги прогласат за насилни хулигани. Ова е намерна ескалација“, изјави Вујиќ за австрискиот весник.

Тој верува дека во земјата нема независни институции кои би можеле да истражуваат вакви случаи.

„Судството и обвинителството се под целосна контрола на владата“, вели Вујиќ, заклучувајќи дека тоа е причината зошто тој, како и другите демонстранти, инсистира на слободни избори и владеење на правото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни