Австрија се заканува со повлекување од Евровизија 2026: Во игра се 40 милиони евра отштета

Австрија се заканува со повлекување од Евровизија 2026. Доколку се повлеќе ќе треба да плати 40 милиони евра отштета.

Австрија се заканува со повлекување од Евровизија 2026. Доколку се повлеќе ќе треба да плати 40 милиони евра отштета.

Политичка криза во Виена поради евентуалното исклучување на Израел од натпреварот – реагираа и Германија и ЕБУ
Евровизија 2026 може да се соочи со сериозна криза откако беше објавено дека Австрија може да се повлече од домаќинството на натпреварот доколку Израел биде исклучен од учество.

Според извештаите на австриските медиуми, вклучувајќи го и OE24, и канцеларот Кристијан Штокер и заменик-министерот Александар Прел упатија директни барања до австрискиот јавен радиодифузер ORF, како и до градот Виена, да не го прифатат домаќинството на Евровизија во случај Израел да биде исклучен од натпреварот.

Службениците веруваат дека таквата одлука би била „скандалозен преседан“, бидејќи Австрија „не може да биде земја што забранува учество на еврејски уметник на своја почва“. Аналитичарите додаваат дека оваа позиција има и историска димензија, имајќи ја предвид одговорноста на Австрија кон Израел по Втората светска војна.

Огромна финансиска казна во случај на повлекување

Покрај политичките тензии, случајот има и сериозна финансиска позадина. ОРФ веќе има склучено договор за организирање на Евровизија 2026, откако Австрија победи на овогодинешниот натпревар. Доколку се повлече сега, ќе мора да плати отштета до 40 милиони евра.

Директорот на ОРФ, Роланд Вајсман, ја информираше владата дека ќе биде потребна државна помош за покривање на казната, бидејќи самата ОРФ може да поднесе максимум 26 милиони евра.

Германија се заканува со бојкот

Кризата не запира само во Австрија. Германскиот канцелар Фридрих Мерц јавно изјави дека Германија нема да учествува на Евровизија 2026 доколку Израел биде исклучен.

Осврнувајќи се на „историската одговорност“ на неговата земја кон еврејскиот народ, Мерц рече дека исклучувањето на Израел би било „удар врз европските вредности и демократијата“, што наводно ги охрабрило другите земји да заземат сличен став како Австрија.

Зголемен притисок за исклучување на Израел

Од друга страна, неколку европски земји, предводени од Шпанија, бараат Израел да биде исклучен од Евровизија 2026, што предизвика политички превирања низ целиот континент.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја организира Евровизија, планира да одржи тајно гласање за ова прашање во ноември. Според извори блиски до ЕБУ, „можно е гласање со мнозинство за исклучување на Израел“, што би можело дополнително да го продлабочи конфликтот меѓу земјите-членки и да доведе до серија повлекувања и бојкоти од натпреварот, кој треба да се одржи во 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни