Речиси половина век по злосторството, правдата конечно го стигна 71-годишниот Австриец кој беше уапсен во хотел во Италија поради убиство извршено во 1977 година.
Според информациите, осомничениот тогаш имал 23 години и заедно со својот татко учествувал во спор околу земјиште во Египет со еден познаник. Караницата ескалирала и двајцата го застрелале човекот додека тој поминувал пред нивната куќа.
По убиството, младиот Австриец избегал во својата земја, каде успеал да се сокрие и подоцна дури и да добие државјанство. Во меѓувреме, египетскиот суд го осудил во отсуство на пет години затвор поради нанесување телесни повреди со смртна последица. Врз основа на оваа пресуда, за него била распишана меѓународна потерница на Интерпол, која останала активна цели 48 години.
Пензионерот, очигледно заборавајќи дека е сè уште под „црвена потерница“ на Интерпол, заминал на одмор во италијанската регија Лигурија. Пријавувајќи се во хотел на ривиерата во Савона, го користел својот вистински пасош. Хотелскиот персонал веднаш ја известил полицијата, но тој успеал да побегне кон Шпанија пред пристигнувањето на специјалната единица.
Сепак, само неколку дена се вратил во истиот хотел. Овојпат, полицијата поставила заседа и го уапсила на лице место.
Австриецот моментално се наоѓа во затворот Мараси во Џенова, каде што ја чека постапката за екстрадиција.
 
				 
				 
								 
								 
								 
								