Австрија победи на Евровизија 2025 што годинава се одржа во Базел, Швајцарија.
Победата ја однесе Џеј Џеј со песната Wasted Love.
Во големото финале настапија 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, домаќинот Швајцарија и земјите од големата петорка – Шпанија, Италија, Германија, Велика Британија и Франција.
Најмногу гласови од жирито освои Австрија, 258, додека според публиката најмногу поени имаше Израел – 297.
Македонија трета година по ред не учествуваше, а наш последен претставник беше Андреа Коевска во Торино, 2022.