Австрија им нуди 1000 евра на сириските бегалци за да се вратат дома

„Австрија ќе ги поддржи Сиријците кои сакаат да се вратат во татковината со бонус за враќање од 1000 евра. Таа земја сега има потреба од своите граѓани за да ја обноват“, изјави Нехамер на X.

Австриската конзервативна влада денес објави дека им нуди на сириските бегалци „бонус за враќање” од 1000 евра ако се вратат во земјата по падот на Башар ал-Асада.

Канцеларот Карл Нехамер смета дека безбедносната ситуација во Сирија треба да се разгледа повторно за да се овозможи враќањето на сириските бегалци.

„Австрија ќе ги поддржи Сириците кои сакаат да се вратат во татковината со бонус за враќање од 1000 евра. Таа земја сега има потреба од своите граѓани за да ја обноват“, изјави Нехамер на X.

Враќањето на луѓе против нивната волја не е можно додека не стане јасно во кој правец ќе оди Сирија. Засега австриската влада, како што беше објавено, ќе се фокусира на доброволни враќања. Исто така, престанала да ги процесира барањата за азил, како и повеќе од десет други земји од ЕУ.

Сиријците сочинуваат најголем број на барања за азил во Австрија

Како и другите конзервативни влади во Европа, Нехамер е под притисок од тврда десница по прашањето на имиграцијата. Сиријците сочинуваат најголем број барања за азил во Австрија.

Колку Сиријци ќе ја прифатат понудата, допрва треба да се види. Бидејќи националниот авионски превозник Austrian Airlines ги запре летовите за Блискиот Исток поради безбедносната ситуација, австрискиот бонус можеби нема целосно да ги покрие трошоците за патувањето.

Едносмерен билет за економска класа до Бејрут, вообичаената полазна точка за оние што патуваат по копнен пат за Дамаск, моментално чини најмалку 1.066,10 евра преку Turkish Airlines, според веб-страницата на компанијата.

Австриската екстремно десна Слободарска партија беше победник на парламентарните избори во септември со 29 проценти освојени гласови, но немаше коалициски партнер. Нехамер ги води коалиционите преговори со социјалдемократите и либералите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни