Одлуката предвидува замрзнување од шест месеци, со можност за продолжување до три пати, според Законот за азил. Исклучок се дозволува само во случаи каде што е неопходно старателство за малолетни лица.
Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер изјави за весникот „Курир“ дека последниве две години, преку семејно обединување, во Австрија дошле 17.000 лица, што ги преоптоварило јавните услуги, особено образованието.
Од опозициската Слободарска партија изјавија дека мерката е „симулација на активност“. Зелените ја осудија како „политички театар на грбот на децата“.