По повеќемесечни дискусии, пратениците одобрија зголемување на минималната возраст за поседување пиштоли од 21 на 25 години, а за ловечки пушки од 18 на 21 година, почнувајќи од 2026 година.
Сопствениците на оружје ќе мора да поминат клиничка и психолошка проценка при поднесување на барањето, и повторно по пет години. Исклучоци се предвидени за ловци и спортски стрелци кои ќе бидат предмет на „строга обука“.
Само крајнодесничарската партија FPO (Слободарска партија) – која победи на парламентарните избори минатата година, но не успеа да формира влада – гласаше против измената на законот, сметајќи дека треба да се намали илегалното поседување оружје.
Зелените, исто така во опозиција, гласаа „за“, но изразија жалење што мерките не се уште построги и сметаат дека се направени премногу исклучоци.
Австрија, со 9,2 милиони жители, има повеќе од 1,5 милиони регистрирани парчиња оружје во сопственост на 370.000 граѓани.
Напаѓачот, поранешен ученик (19), на 10 јуни упадна во училиште во Грац. Наоружан со пушка и пиштол Глок, отвори оган, уби девет ученици на возраст од 14 до 17 години и наставник, по што изврши самоубиство.
Убиецот од мај имал дозвола за огнено оружје, што барало психолошка проценка која ја поминал во март. Меѓутоа, по полнолетството бил прогласен за „неспособен“ за воена служба бидејќи не ги поминал психолошките тестови.
Извор: N1info.rs