Суд во Австралија денеска пресуди дека 40-годишен маж на кој му била дијагностицирана „сексомнија“ не е виновен за силување жена во Сиднеј во август 2022 година, пренесува британски Гардијан.
Тимоти Малколм Роуланд изјави на судењето дека имал епизода на сексомнија, медицинска состојба во која луѓето покажуваат интензивно сексуално однесување за време на спиењето.
Не постојат важечки закони, никакви кривични дела, правила или прописи за сексомнија или правење што било додека имате слична здравствена состојба, рече судијата.
За време на судењето немаше спор дека Роланд има сексосомнија. Но, прашањето пред судот беше дали тој имал епизода во моментот на наводното силување или бил буден.
Роуланд и една жена отишле да пијат во коктел бар во ноќта на наводното силување и се вратиле во неговиот стан околу 01:00 часот по полноќ, слушна поротата за време на судењето. Тие испиле уште малку и се туширале заедно пред жената да заспие во креветот на Роуланд.
Околу 6 часот наутро, жената наводно се разбудила и го затекнала Роуланд како има секс со неа пред да го оттурне, да скокне од креветот и да го напушти станот.
Претходно денеска, поротата праша каков вид на докази може да докаже дека некој е буден. И ако немаше доволно докази зошто случајот се гони и зошто дојде на суд?
Едно прашање што го загрижи судијата се однесуваше на последиците од извршување на кривични дела додека едно лице е во несвест. Никој не може да биде прогласен за виновен за кривично дело што го сториле несвесно, рече судијата. „Нема да ги казнуваме луѓето за дела врз кои немаат правна контрола“.
Судијата рече дека не е негова работа зошто јавниот обвинител одлучил да го продолжи случајот на суд и дека исто така не е одговорност на поротата да ги распрашува тие работи.
Наместо тоа, тој ги повика да ги разгледаат доказите и да утврдат дали наводното силување е докажано надвор од разумно сомневање.