Австралија ќе ја признае палестинската држава

Австралија планира многу скоро да ја признае палестинската држава, следејќи ги најавите на Франција, Велика Британија и Канада, објави Sydney Morning Herald.
Palestine 2009. Israel's Wall in Bethlehem, West Bank.


Премиерот Ентони Албанезе би можел да го потпише признанието во рок од неколку дена по денешната редовна седница на кабинетот, наведува весникот повикувајќи се на неименувани извори. Кабинетот на премиерот сè уште нема дадено официјален коментар.

Франција и Канада минатиот месец објавија дека ќе ја признаат палестинската држава, додека Велика Британија изјави дека ќе го следи примерот, освен ако Израел не ја реши хуманитарната криза на палестинските територии и не постигне примирје.

Израел ги осуди овие одлуки, оценувајќи дека признавањето би било „награда за Хамас“, кој управува со Појасот Газа.

Премиерот Албанезе, кој е силен поборник за решението со две држави, изјави дека неговата влада ја поддржува безбедноста и правото на постоење на Израел, но и правото на Палестинците на сопствена држава. „Реков дека прашањето е кога, а не дали“, изјави Албанезе во саботата од Нов Зеланд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни