Во Австралија веќе околу четири милиони домаќинства имаат поставено соларни панели на покривите.
Новата програма ќе биде достапна и за станари во згради кои немаат свои панели, под услов да имаат паметен бројач и да ја прилагодат потрошувачката на енергија на средината на денот, кога можат бесплатно да користат струја или да ги полнат своите електрични возила.
Австралија во 2022 година постави цел до 2030 година 82% од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори, со законски обврзано намалување на емисиите на стакленички гасови за 43% во однос на нивото од 2005 година.