Австралија ќе инвестира 12 милијарди долари (6,8 милијарди евра) за надградба на едно од своите бродоградилишта за изградба на флота од нуклеарни подморници, објави владата во Канбера.
12-те милијарди австралиски долари ќе бидат потрошени во текот на десет години за реновирање и подобрување на капацитетот на бродоградилиштето „Хендерсон“, во близина на Перт во Западна Австралија, изјави министерот за одбрана Ричард Марлес.
Во 2021 година, Австралија, Велика Британија и САД го потпишаа Договорот од Аукус, кој има за цел да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во Азиско-пацифичкиот регион.
Марлес изјави за „Скај њуз“ дека бродоградилиштето „Хендерсон“ било клучен дел од договорот со „Аукус“.
„Станува збор за тоа што Австралија треба да направи за да ја искористи оваа стратешка можност“, додаде министерот за одбрана.