Австралиското регулаторно тело за безбедност на интернет ја казни платформата Telegram со околу 640.000 долари поради доцнење во одговорите на прашањата за мерките што таа апликација ги превземала за да спречи ширење на злоупотреби на деца и насилни екстремистички содржини.
Австралиската комесарка за безбедност на интернет, Џули Инман Грант, соопшти дека доцнењето на Telegram во обезбедувањето информации го оневозможува спроведувањето на мерките за безбедност на мрежата.
Регулаторното тело во март минатата година побарало одговори од социјалните мрежи, вклучувајќи Јутјуб, Икс, Фејсбук, Telegram и Редит, за кои тоа кои мерки ги превземале за борба против сексуалното злоставување на деца и ширење насилни екстремистички содржини.
Извор: ТАЊУГ